Top Sport

„Ужасно е што другиот тим од Манчестер е подобар од Јунајтед“

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона, рекол дека е „грозно“ тоа што Манчестер сити е тимот кој е поинтересен за гледање. Според Кантона, градскиот ривал на Јунајтед, игра подобар фудбал.

Најголемата мака на Кантона била што не можел да се натера да го изговори името на вториот клуб од Манчетер.

„Секогаш сакам Јунајтед да биде шампион. Најмногу тоа го сакам оваа сезона, бидејќи фаворити за титулата се екипи на кои им посакувам само порази. Сепак ова е почеток на сезоната и се надевам дека работите ќе тргнат на подобро. Ужано е тоа што во моментов тимот што треба да го гледате, бидејќи игра добар фудбал е другиот тим. Оној тим чие име не можам да го изговорам“, рекол Кантона.

Инаку, контроверзниот фудбалер не крие дека исклучително ја цени работата на Пеп Гвардиола и дека му е жал што тој не е тренер на Манчестер јунајтед.

„Не можам да разберам зошто Јунајтед носи тренер што форсираат дефанзивен стил на игра. Го сакам Мурињо, но но кога бирам што да гледам ја гледам Барселона. Ми се допаѓа стилот на Гвардиола, би сакал тој да е менаџер на Јунајтед. Тоа е некако логично. Сити не го гледам бидејќи е Сити, но би сакал да гледам екипа што ја предводи Гвардиола“, завршил Кантона.

Scroll to Top