Top Sport

Вацке: Глупост е дека мораме да го продадеме Халанд поради берзата

Борусија Дортмунд нема да бидат приморани да го пуштат Ерлинг Халанд следното лето тврди генералниот директор на клубот, Ханс-Јоаким Вацке, кој ги опиша последните шпекулации како „чисти глупости“.

Англиските медиуми шпекулираа дека Дортмунд ќе мора да го продадат Халанд следното лето откако клубот беше поставен на берзата, бидејќи во спротивност нема да можат да ипслатат на своите акционери, но Вацке вели дека се работи за обична глупост.

„Уште не е одлучено дали тој ќе замине следното лето. Ќе видиме што ќе се случи, но ги слушнав глупостите кои велат дека мораме да го продадеме бидејќи сме а берзата. Одлуката дали некој ќе биде продаден е направен од менаџментот на клубот“, вели Вацке.

Покрај ова, се верува дека 21-годишиот Норвежанец има откупна клаузула од 75 до 100 милиони евра која ќе се активира следното лето, така што повеќе клубови, како Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Барселона, Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен ја следат ситуацијата. Вацке вели дека верува во агентот на Халанд, Мино Рајола.

„Топката е кај Ерлинг. Јас добро се согласувам со Мино Рајола, бидејќи со него знаеш на што си. Знам како функционира и грешат тие што мислат дека тој мисли само на парите бидејќи знам дека му е најважно што е добро за Ерлинг“, додава Вацке.

Scroll to Top