Top Sport

Вагнер – прво зимско засилување за Баерн

Германскиот шампион Баерн Минхен го договори првото засилување во јануарскиот преоден рок. Клубот потврди дека во Минхен ќе пристигне напаѓачот на Хофенхајм, Сандро Вагнер.

Германскиот репрезентативец е донесен за да биде замена за првиот напаѓач во тимот Роберт Левандовски.

Вагнер е роден во Минхен и кариерата ја започна во Баерн. Во сезоната 2007/2008 забележа четири настапи за Баерн, а потоа патот го однесе во Дуизбург, Вердер, Херта, Дармштат и во Хофенхајм.

Од јуни минатата година тој за Хофенхајм одиграл 40 натпревари, на кои постигнал 15 гола.

За Германија настапил на седум натпревари и постигнал пет гола.

Scroll to Top