Top Sport

Ваха остро му одговори на Ротен: Долго време нема земено дрога

Вахид Халилхоџиќ успеа со Мароко да избори пласман на Светското првенство во Катар. Халилхоџиќ е првиот селектор кој со четири различни репрезентации изборил пласман на СП. На мундијалот, Мароко ќе игра против Белгија, Хрватска и Канада.

Халилхоџиќ, се откажа од најголемите ѕвезди на Мароко, ги издржа критиките од јавноста и ја оствари целта.

Покрај мароканската јавност, остри критики на негова сметка упати и поранешниот играч на Монако и ПСЖ, Жером Ротен.

„Тој е фудбалски фанатик, сака се да има под контрола. Не им верува на помошниците. Каква технологија имаме, а тој не им верува на луѓето од стручниот штаб. Не можете да управувате со се. Треба да бидете и добра психолог со играчите, а Ваха не е добар психолог. Тој е заробен во 90.години од минатиот век. Неговите методи се диктаторски“, рекол Ротен.

Халилхоџиќ експресно и во свој стил му одговори на Ротен..

„Веројатно долго време не се дрогирал, поради тоа зборува глупости“.

Scroll to Top