Голманот Роман Вајденфелер вели дека Усман Дембеле бил „апсолутно неблагодарен“ кога приморал трансфер од Борусија Дортмунд во Барселона во текот на минатото лето.
Дембеле имаше една сезона на „Сигнал Идуна парк“, постигнувајќи 10 гола и привлекувајќи го интересот на Барселона, кои што само што останаа без Нејмар. Дембеле одбиваше да тренира во обид да го примора трансферот, и на крајот Борусија го продаде. Вајденфелер вели дека однесувањето било „засрамувачко“.
„Тоа сигурно не е начин да си заминеш од еден клуб. Тоа предизвика голем немир и никој не можеше да се смири. Ова е тимски спорт, не е тенис да мислиш само на себе. Дури не си ги зема ниту копачките пред да си оди, навистина засрамувачки. Претходно не верував дека такво нешто е можно. Дембеле доби шанса да направи име за себе во Дортмунд на 19 години, но наместо тоа реши да штрајкува дома. Тоа е лош стил- без никакви манири“, вели Вајденфелер.
Дембеле во само вториот меч за Барселона го скина бутниот мускул, и паузираше долго време, пред во финишпт на сезоната да се пробие во првиот тим на Ернесто Валверде, и во средата постигна два гола против Вилјареал.