Top Sport

Вајналдум не сака да се врати во Њукасл, следна мета им е Фелаини

Жоржињо Вајналдум нема интерес да се врати во својот стар клуб Њукасл, и покрај тоа што е незадоволен од минутажата која ја добива во Пари Сен-Жермен, по што најбогатиот клуб на светот ќе се обиде да врати уште еден ветеран во Премиерлигата, Маруан Фелаини.

Холанѓанецот Вајналдум си замина во текот на летото од Ливерпул по крајот на договорот, и иако се веруваше дека ќе направи трансфер во Барселона, на крајот ја прифати понудата од Пари Сен-Жермен. Тој ја играше сезоната 2015/16 во Њукасл, пред да го направи трансферот во Ливерпул.

Според белгискиот весник „Ле дерниер ор“, Њукасл се заинтересирани и за поранешниот фудбалер од средниот ред на Евертон и Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини. Белгиецот си замина од Јунајтед за кинескиот Шангонд Таишан во 2019 година, и неодамна го продолжи договорот со клубот до 2025 година. И Галатасарај и Бешикташ се заинтересирани за Фелаини.

Scroll to Top