Top Sport

Вајналдум се полакомил, ниту Саудијците не се подготвени да му дадат толку пари

Ниту Саудијците не се луди. Жоржињо Вајналдум повторно е фудбалер на Пари Сен-Жермен, враќајаќи се од неуспешната позајмица во Рома, а обидот на францускиот клуб да го продаде пропаднал бидејќи холандскиот напаѓач барал премногу пари од саудискиот Ал-Итихад.

32-годишниот поранешен фудбалер на Ливерпул, доби сериозна повреда по позајмицата во Рома, и одигра само 14 меча, а во Пари Сен-Жермен не сметаат на него, со потенцијално враќање во Холандија или во Саудиска Арабија. Според француските медиуми, Вајналдум, кој има плата од 9 милиони евра по сезона во ПСЖ, барал трикратно да му биде зголемена платата за да заигра за Ал-Итихад, сума која и за саудискиот клуб била преголема.

Scroll to Top