Top Sport

Вака се прави пенал!

Дуелот од шкотската трета лига помеѓу Бервик Ренџерс и Кауденбит на „Шефилд парк“ донесе 1:0 победа за домаќините, откако Мајкл Меккена постигна гол од пенал во финишот на мечот.

Сосема вообичаен натпревар од шкотските мали лиги, ако не се смета фантастичниот начин на кој беше направен пеналот. Џордан Гарден буквално скокна за да го собори Меккена и да спречи гол по тесната ситуација во шестнаесетникот.

Иако потегот го чинеше неговиот тим пораз, барем стана малку „славен“ поради социјалните мрежи.

Scroll to Top