Мечот од украинската втора лига меѓу Суми и Хирник-Спорт донесе една зачудувачка одбрана на пенал на домашниот голман Артјом Штанко.
Мечот заврши 2:2, а гостите имаа шанси да стигнат до победа откако Евгениј Лозовој се најде на белата точка, меѓутоа Штанко со удар на главата успеа да го одбрани неговиот удар. Нешто што не се гледа секој ден.