Top Sport

Валдано: Само егото го мотивира Роналдо, а не Барселона или Меси

Легендата на Реал Мадрид, Хорхе Валдано верува дека „неверојатното“ его на Кристијано Роналдо е главен извор на мотивација зад неговите остварувања.

Роналдо самиот се опиша како „најдобар играч во историјата“ откако ја освои „Златната топка“ по петти пат израмнувајќи се со Лионел Меси. Неговите коментари донесоа нова дискусија за тоа кој е навистина најдобриот во историјата и дали тоа прашање може да се одговори.

Валдано, кој беше играч и менаџер на „Лос бланкос“, вели дека Роналдо се мотивира самиот себеси и дека не му е потребен Меси.

„Кристијано го има напрофитабилното его во историјата на фудбалот. Тој има неверојатна самодоверба и тоа му дозволува да станува подобар. Има многумина кои се збунети од тоа его и тој го користи тоа. Работи напорно. Меси и Кристијано имаат целосно различни профили, но мислам дека двајцата не прифаќаат совети. Тие се способни да прават работи кои малкумина ги можат“, вели Аргентинецот во интервју со шпанското радио „Онде сера“.

Кристијано Роналдо: Јас сум најдобриот во историјата на фудбалот

 

Scroll to Top