Top Sport

Валдано: Себичноста на Роналдо и Иско го убива Реал

Поранешниот аргентински репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, за весникот „Ас“ ја коментирал кризата низ која минува „кралскиот клуб“. Валдано во Реал како играч и тренер минал шест години.

„Еден од главните проблеми е небалансираноста. И повеќе од тоа. Кристијано Роналдо и Иско во секоја ситуација гледаат само кон голот и сакаат сами да го решат натпреварот. Себични се. Бензема и Роналдо често воопшто не соработуваат. Покрај тоа, Зидан има сериозен проблем да ја балансира кризата во која се наоѓа тимот“, смета Валдано.

Хорхе Валдано е дел од славната генерација на Аргентина, која предводена од Диего Марадона во 1986 година ја освои титулата светски првак.

Scroll to Top