Односот на Лионел Меси кон Барселона и кон фудбалот не смее да се стави под сомнеж и покрај неговата желба да замине од клубот, вели неговиот поранешен соиграч Виктор Валдес.
Аргентинецот во петокот потврди дека отанува на „Ноу Камп“ спротивно на своите желби, за да избегне судски спор со клубот каде што пристигна како 13-годишник. Тој се врати на тренинзи оваа недела и Валдес, кој помина речиси две децении со Барселона, го поддржа својот близок пријател бргу да ги надмине проблемите.
„Јас страдав низ ова поради тоа што тој е мој колега. Лео беше со мене од влегувањето во првиот тим и секогаш имав добри односи со него. Страдав бидејќи некој се дрзна да се сомнева во неговата посветеност и во неговите квалитети. Ме болат таквите коментари. Добро е што Барса успеаја да го заддржат уште една година и сега тој ќе има добра сезона. Ќе видиме за што е способен. Можам уште сега да гарантирам дека ќе биде клучен играч во секој натпревар“, вели Валдес.