Top Sport

Валенсија е најмногу оштетна од ВАР-технологијата

Ла Лига заврши синоќа со натпреварите од 38 коло. Епилогот на сезоната е дека Реал како шампион заедно со Барса, Атлетико и Севилја ќе игра во Лигата на шампионите. Еспањол, Мајорка и Леганес ја напуштија лигата, а во Лига Европа покрај Виљареал се пласираа Реал Сосиедад и Гранада.

Сезоната во која Реал по три години ја врати титулата на „Сантијаго Бернабеу“ ја обележа и ВАР. Новата технологија донесе незадоволство на сите страни, а според „АС“ најмногу причина за незадоволство треба да имаат во Валенсија.

„АС“ пресметале дека ВАР влијаел врз резултатите на 31 натпревар оваа сезона. Валенсија поради одлуките на ВАР останале без шест бода. Со тие шест Валенсија би имале 59 бода што би им било доволно за петтото место на табелата и палсман во Лига Европа.

Валенсија сезоната ја заврши на деветтото место.

Scroll to Top