Top Sport

Валенсија едвај спаси реми со Кадиз за да излезе од зоната за испаѓање

Поранешниот шпански шампион, Валенсија продолжува да ги разочарува своите фанови, откако едвај спасија 1:1 реми со Кадиз на „Месталја“ за да излезат од зоната за испаѓање во шпанската Ла лига.

Антони Лозано, напаѓачот од Хондурас, го донесе изненадувањето на оваа сезона, Кадиз во водство во 59. минута од мечот, пред Макси Гомез во 79. минута да израмни на 1:1.

Валенсија нема победа веќе пет меча во Шпанија, и се наоѓа на 17-тото место со 16 поени, односно од зоната за испаѓање ги дели само подобра гол-разлика од Елче, кои се на 18-тото место. Кадиз, пак, се на 10-тото место во Шпанија со 20 освоени поени.

Scroll to Top