Top Sport

Валенсија ги осуди навивачите по расистичките и нацистичките извици (видео)

Валенсија јавно го осуди однесувањето на дел од своите навивачи на гостувањето кај Арсенал, откако се појави видео во кое се гледа како тие прават расистички гестикулации и упатуваат нацистички поздрави кон навивачите на Арсенал.

„Валенсија јавно го осудува однесувањето и повторува дека има нула толеранција кон расизмот и нацизмот. Изолираните гестикулации не ги претставуваат сите навивачи на нашиот клуб“, се вели во соопштението на Валенсија.

Сепак, шпанскиот клуб ги налути британските анти-дискриминаторски организации со посочувањето дека имало провокација од навивачите на Арсенал.

„Валенсија се обидува да добие информации дали се работеле за можна провокација пред вербалниот дуел меѓу навивачите“, додаваат од клубот.

УЕФА потврди дека ги разгледува можните казни за Валенсија по првиот меч од полуфиналето на Лига Европа, кој Арсенал го доби со 3:1 со голови на двајца црни фудбалери – Александер Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг.

Scroll to Top