Валенсија го комплетираше трансферот од 12 милиони фунти за играчот од средниот ред на Арсенал, Франсис Кокелин, по што му „постави“ откупна цена од 80 милиони евра. 26-годишниот Кокелин потпиша четирииполгодишен договор со шпанскиот клуб.
„Кокелин оди во Валенсија бидејќи кај нас не доби многу натпревари. Го пуштив. Најдобар начин да го замениме е да ги вратиме Арон Ремзи и Месут Озил во игра. Потоа ќе видиме“, изјави Арсен Венгер.
Кокелин се приклучи на Арсенал во 2008 година како јуниор и имаше 150 настапи за „топчиите“, но само седум оваа сезона, од кои само еднаш како стартер. Кокелин со Арсенал освои две титули од ФА купот и две од Комјунити шилдот. Тој е поранешен член на француската јуниорска репрезентација, освојувајќи ја титулата У-19 во 2010 година.
? Coquelin: “Estoy muy feliz, el @valenciacf es un gran reto para mí” ??
➡ https://t.co/mZg7a6NYof pic.twitter.com/EWFkasYHEu
— Valencia CF (@valenciacf) January 11, 2018