Дани Парехо, најдобриот фудбалер и капитен на Валенсија ќе ја напушти „Местаља“ ова лето по цели 9 години наводно поради судир со сопственикот и луѓето кои соработуваат со него.
Сингапурскиот милијардер Петер Лим наредил Парехо итно да биде продаден, а шпанските медиуми наведуваат дека тој ќе прејде во Вилјареал и тоа за само 6 милиони евра што е премала сума за таков калибар на фудбалер.
Парехо е „дете“ на Реал Мадрид, а речиси цела кариера е меѓу „лилјаците“. Одигра 383 меча и постигна 64 гола.
Претходно минатата сезона се шпекулираше дека е пред трансфер во Барселона, но реши да и биде верен на Валенсија.
Се споменува дека во пакет со него би можел да замине и Франсис Кокелан.