Top Sport

Валенсија испрати понуда за Икарди?

Сагата околу Мауро Икарди во Интер продолжува. Аргентинецот се закани до управата на „нероазурите“ дека ќе потегне тужба за мобинг, по што челниците од „Џузепе Меаца“реагираа со изјава дека нема подлога за такво нешто.

Денеска шпанските медиуми пренесуваат информација дека влијателниот менаџер Хорхе Мендеш стигнал во Валенсија наводно заради две работи.

Првата е трансферот на Родриго во Атлетико Мадрди, а втората е Мауро Икарди, за кого „лилјаците“ покажале заинтересираност да го доведат на „Месталја“.

Валенсија го доведе сезонава Макси Гомез од Селта Виго, но во првите две кола од Примера, напаѓачите на тимот постигнаа само еден гол.

Сега останува отворено прашањето со која формула Интер би го ослободил екс-капитенот ако се знае дека уште неколку часа и преодниот рок во Италија се затвора.

Останува да се види дали Мендеш може да направи чудо и да ги задоволи апетитите на сите засегнати страни.

Scroll to Top