Top Sport

Валенсија со официјална жалба за „ужасниот“ терен на „Сан Сиро“

Валенсија поднеле официјална жалба до УЕФА околу состојбата на теренот на „Сан Сиро“ пред утрешниот меч од Лигата на шампионите со Аталанта. Според „Марка“, тренерот Алберт Селадес и капитенот Дани Парехо биле видно вознемирени од состојбата на теренот и официјално се пожалиле до УЕФА.

Ова не е големо изненадување за фановите на Серија А, бидејќи подлогата на „Стадио Џузепе Меаца“ не е најдобра повеќе години, а ситуацијата се влоши последните недели откако се одиграа два меча за 48 часа – полуфиналињата од Копа Италија на Интер и Милан минатата среда и четврток. Потоа, Милан во понеделникот навечер играа со Торино во меч од Серија А.

Аталанта сите домашни мечеви од ЛШ ги играше на „Сан Сиро“ бидејиќи нивниот „Гевајс“ стадион во Бергамо е под реконструкција и затоа не ги исполнува стандардите на УЕФА. Според италијанските медиуми над 43 илјади фанови на Аталанта ќе патуваат од Бергамо до блискиот Милано за историското осминафинале.

Scroll to Top