Валенсија предводена од Аргентинецот Лучијано Вието го совлада тимот на Лас Палмас со 4:0 за да се пласира во четврт-финалето на Копа дел Реј.
Вието, кој досега оваа сезона немаше постигнато гол, имаше импресивен хет-трик, а Немања Максимовиќ додаде уште еден гол, за „Лос Че“ да го добијат двомечот со 5:1, откако првиот дуел на Канарските Острови заврши 1:1.