Валенсија реагираше со луто соопштение на шпекулациите дека Карлос Солер се договорил за трансфер во Барселона, порачувајќи да престанат лагите.
Според „Диарио АС“, Барса се договориле со Валенсија за трансфер вреден 20 милиони фунти пред летниот преоен рок, откако 25-годишниот Солер, кој влезе во првиот тим на Валенсија во 2016 преку академијата на клубот, имаше одлична сезона.
„Како одговор на приказната објавена во ‘Диаиро АС’, Валенсија демантира постоење на било каков договор, но и преговори околу трансфер на Карлос Солер во Барселона. Клубот отвори преговори со фудбалерот за продолжување на договорот“, се вели во објавата на Валенсија.
Don’t lie!
— Valencia CF (@valenciacf_en) May 2, 2022