Top Sport

Валјадолид ги однесоа бодовите од „Бутарке“ (Видео)

Фудбалрите на Валјадолид забележаа победа во Мадрид над Леганес 2:1. Со овој пораз Леганес остана на претпоследната позивција на табелата со 23 бода колку што има и последно пласираниот Еспањол. Валјадолид се 14 со 32 бода.

Дуелот на „Бутарке“ започна со неверојатната грешка на Авазием. Младиот дефанзивец лошо ја врати топката кон голманот Куелјар што го искористи Енес Унал и во втората минута му донесе предност на Валјадолид.

Овој резултат беше актуелен до 54 минута кога Алкараз со прекрасен волеј уште еднаш го натера Куелјар да ја вади топката од голот.

Конечниот резултат го постави Оскар од пенал во самиот финиш на натпреварот.

Scroll to Top