Top Sport

Валнесија ќе го откупи договорот на Кондогбија

Жофри Кондогбија, на почетокот на сезоната, направи вистински потег кога реши да замине како позајмен играч во Валенсија. Францускиот репрезентативец по две лоши сезони во Интер повотрно игра како во деновите кога беше дел од Монако. Тој е еден од клучните играчи на Валенсија, која речиси сигурно ќе избори пласман во Лигата на шампионите.

Кондогбија во досегашниот дел од сезоната има постигнато четири гола, а има одиграно 29 натпревари.

Поради тоа Валенсија реши во целост да го откупи договорот на Кондогбија.

„Останувањето на Кондогбија е завршена работа. Договорот е постигнат, Валенсија реши да го откупи од Интер неговиот договор. Не морате да ме прашувате дали сакав да се случи тоа. Тоа е исто како да ме прашате дали повеќе сакам Фијат или Ламборџини“, рекол тренерот на Валенсија, Марселино Торал.

Scroll to Top