Top Sport

Валверде: Дембеле нема да биде подготвен за „ел класико“

Рекордното засилување на Барселона, Усман Дембеле нема да биде подготвен за игра против Реал Мадрид на „ел класико“ на „Сантијаго Бернабеу“ на 23 декември, вели тренерот на Барса, Ернесто Валверде.

Дембеле, кој дојде во Барса за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд во август како замена за Нејмар, имаше само три настапи за клубот пред да го скине бутниот мускул против Хетафе на 16 септември.

Валверде, кој тогаш изјави дека за повредата делумно е виновно неискуството на 20-годишниот Французин, вели дека тој има добар прогрес, но дека сигурно нема да го избрзуваат кам-бекот.

„Не сакам да го искористам зборот невозможно, но ќе биде многу тешко. Се работи за сериозна повреда, тој е долго време во аут и ако мислам дека ќе ни треба дополнителна недела за опоравување, ќе му ја дадеме. Не сакаме да ризикуваме“, вели Валверде.

Scroll to Top