Top Sport

Валверде до ПСЖ: Ние не сме самопослуга

Иван Ракитиќ ќе остане во Барселона. Неговиот клуб, како што објавија каталонските медиуми, ја одбил понудата на ПСЖ од 80 милиони евра.

Дека ПСЖ испратил понуда за хрватскиот репрезентативец потврдил и тренерот Ернесто Валверде, одговарајќи на новинарско прашање во пресрет на вечерашниот натпревар со Ваљадолид.

„Ракитиќ е незаменлив играч за нашиот тим. Сакам сезонава да ги имам во тимот најдобрите играчи, а тој е еден од нив. Станува збор за играч што е интегрален дел не само за нашиот тим, туку и за клубот“, рекол Валверде.

Тренерот на Барселона испратил и порака до ПСЖ.

„Наша цел не е само да купуваме и продаваме играчи, ние не сме самопослуга, туку тим што освојува титули. Многи ни се поважни трофеите од состојбата на сметката“.

Сепак, доколку ПСЖ реши да ја активира откупната клаузула од 125 милиони евра, тогаш Барселона ќе мора да ги дозволи преговорите.

Scroll to Top