Top Sport

Валверде ја менува формацијата, Клоп со „крпен“ напад

Ливерпул и Барселона вечерва на „Енфилд“ ќе го одиграат полу-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Каталонците првиот меч го добија со 3:0.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, има големи проблеми околу составувањето на тимот. Поради повреди тројца важни играчи ќе го пропуштат овој меч (Салах, Фирмино, Кеита). Кај Барселона поради повреда ќе отсуствува само Усман Дембеле.

Јасно е дека Ливерпул нема да отстапат од формацијата 4-3-3, додека тренерот на Барселона веројатно ќе се реши за позатворена варијанта, односно за формација 4-4-2. Тоа значи дека поранешниот играч на Ливерпул, Фелипе Кутињо ќе остане на клупата за резерви, во редот за врска ќе оди Серхи Роберто, а на позицијата десен бек ќе игра Нелсон Семедо.

Можни состави:

Ливерпул: Алисон – Александер-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон – Хендерсон, Фабињо, Милнер – Мане, Стариџ, Сачири

Барселона: Тер Штеген – Семедо, Пике, Ленгле, Алба – Серхи Роберто, Бускетс, Видал, Ракитиќ – Меси, Суарез

Scroll to Top