Top Sport

Валверде: Кога ќе им кажувам на внуците за Меси ќе ми вратат дека зборувам глупости

Ернесто Валверде, човекот кој им донесе на Барселона две титули во Ла лига, вели дека со задоволство се навраќа на времето кога беше прв човек на каталонскиот гигант, додавајќи дека неговите внуци нема да веруваат дека работел со фудбалер кој можел да издрибла седум ривали и да даде гол.

Валверде, кој е поранешен тренер и на Олимпијакос и Атлетик Билбао, е без ангажман откако доби отказ во јануари 2020 година, момент од кој Барса не може да ја најде вистинската форма. И покрај тоа, тој не чувствува лутина.

„Кога ќе станам постар ќе им кажувам на внуците дека имаше фудбалер кој беше способен да издрибла седум фудбалери и да даде гол, а тие ќе ми одговорат дека зборувам глупости. За среќа, има доволно снимки за да се докаже тоа, и тие да уживаат во тоа што е Лео Меси“, вели Валверде.

Отказот кој го доби Валверде беше малку чуден, бидејќи тој донесе две титули во две сезони, а потоа следуваше неславната авантура со Кике Сетиен и 8:2 поразот од Баерн Минхен во ЛШ, додека оваа сезона под Роналд Куман ја освоија титулата од Копа дел Реј, но Ла лига остана недостижна.

„Во секој тим постои ‘танцот’ со тренерите, не само во Барселона. Можеш да победиш многу пати, но кога ќе загубиш, тебе прв ќе те сменат. Побарувањата на оваа работа останува огромна и фановите веднаш бараат промена“, вели Валверде.

Scroll to Top