Top Sport

Валверде: Меси е петти во гласањето за „златна топка“? Тоа е апсурд!

Петтото место на Лионел Меси во трката за „Балон д’ор“ е апсурдно, вели тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, оценувајќи дека гласањето не било реално.

Лука Модриќ од ривалите Реал Мадрид се круниса со „златната топка“ во понеделникот откако ја освои Лигата на шампионите и беше прогласен за најдобар фудбалер на СП во Русија во 2018. 33-годишниот Хрват ја прекина 10-годишната доминација на Меси и Кристијано Роналдо – Роналдо беше втор на гласањето, а Меси само петти.

„Не сакам да зборувам за проблемите на наградата. Ќе му честитаме на Модриќ за освоената титула, но петтото место на Меси е вистински апсурд“, вели Валвреде.

Меси ја предводеше Барса до двојна титула во Шпанија, меѓутоа Аргентина испадна во осминафиналето на Светското првенство од Франција, која подоцна стана шампион. Меси исто така постигна 34 гола во Ла лига за по петти пат да ја освои „златната копачка“ како најдобар стрелец во Европа.

Модриќ доби 753 поени, пред Роналдо со 476, Антоан Гризман со 414, додека Меси имаше само 280 поени.

Scroll to Top