Top Sport

Валверде: Меси со посебна тактика, на стартот на мечот кружи околу дефанзивците

Ернесто Валверде беше предводник на Барселона од 2017 до 2020 година и со клубот од „Ноу Камп“ две титули во Ла Лига, еден пехар во шпанскиот Куп, но и титула во Суперкупот.

Мораше да замине од кормилото на Каталонскиот клуб затоа што играчите повеќе не ги следеа неговите инструкции. На негово место дојде Кике Сетиен кој не се прослави во клубот. Сега Куман е предводникот на Меси и другарите.

Валверде, кој се уште е без ангажман за „The Financial Times“ зборуваше за Меси. Рече дека на воведот на секој меч Аргентинецот не е меѓу главните протагоности.

„Меси во воведните минути ја игнорира топката, оди околу противничките дефанзивци и на тој начин ги испитува. Им го следи секој чекор, движење и се обидува да пронајде слабост. Како одминува мечот, тој се вклучува во играта и точно знае кој играч која слабост ја има“ рече Валверде.

Меси сезонава има 18 настапи за Барса и 10 гола со 5 асистенции. Засега ја игра една од најлошите сезони во кариерата.

Scroll to Top