Top Sport

Валверде не го отпишува Реал

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде изјавил дека нема да отпише ниту еден тим од борбата за титулата во Ла Лига, се додека постојат и математички шанси некој да ја престигне неговата екипа.

Барселона по синоќешната победа во Малага (2:0) има 11 бода повеќе од Атлетико Мадрид кој мечот со Селта го игра денес. Реал е трет со 15 бода помалку од Барселона.

Иако разликата во однос на актуелниот шампион е голема, Валверде не сака од трката за титулата да го отпише тимот на Зидан.

„Секако дека постои трка. Додека постојат математички шанси не смеете да отпишете ниту еден тим. Нема да кажам дека Реал нема шанси за титулата. Тоа сигурно и тие не би го кажале“, рекол Валверде.

Барселона во Малага, без Меси, успеа да запише лесна победа, во пресрет на осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Челси.

„Рано го постигнавме првиот гол, а потоа црвениот картон ни ја олесни работата. Мислам дека во вториот дел потсвесно започнавме да размислуваме за натпреварот против Челси…Ќе биде тоа тежок натпревар.“

Барселона ќе го пречека Челси на 14.март. Првиот меч во Лондон заврши 1:1.

Scroll to Top