Top Sport

Валверде: Не се брзаме, но Меси може да игра против Интер

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде потврди дека Лионел Меси може да влезе во игра во дуелот од Лигата на шампионите против Интер, но додаде дека „нема да ризикуваме“.

Аргентинецот имаше скршеница на раката, но сепак, се најде во составот за важниот дуел на „Џузепе Меаца“ утре.

„Ќе видиме што ќе кажат лекарите. Може да игра, но не сме сигурни. Тренингот помина одлично, но нема да го поставам во ситуација да биде повреден повторно“, вели Валверде.

Откако тренерот на Интер, Лучано Спалети се пошегува дека ако неговиот тим се загрева како Барса пред секој меч, ќе губат со 18:0. Валверде ја прифати шегата.

„Се надевам дека утре ќе се загреваат само 10 минути. Но, знаете секој има свој начин на подготовки, и ние имаме наш. Ми се допаѓа Лучано, неговиот Интер е храбар тим и точно знае што посакува“, додава Валверде.

Фото: ЕПА

Scroll to Top