Top Sport

Валверде: Не знам што ќе се случи со Кутињо

По победата на Барселона над Наполи од 2:1 во Мајами, тренерот на каталонскиот клуб, Ернесто Валверде зборуваше за Филипе Кутињо и неговата иднина на „Ноу Камп“, но и за новите шпекулации околу Нејмар.

Иако се верува дека е можен трансфер назад во Премиер лигата за Кутињо, преодниот рок во Англија завршува во 18 часот и шансите се минимални, додека Нејмар изгледа „заглавен“ во Пари Сен-Жермен.

„Секако дека сметам на Филипе Кутињо во мојот тим. Не знам што ќе се случи со него до крајот на преодниот рок, но сега тој е со нас. Не играше бидејќи слично како Артур и Видал, тој одработе само два тренинзи. Планот е полека да ги адаптираме по Копа Америка. Ќе видиме дали ќе игра во сабота“, објасни Валверде.

Запрашан за Нејмар, Валверде посочи дека има чувство на „дежа ви“.

„Кога бев последен пат на овој стадион, морав да одговарам на многу прашања за Нејмар. Две години подоцна, повторно е исто, како да ме следи тоа. Не знам што ќе се случи и не сум јас тој кој што одлучува“, вели тренерот.

Scroll to Top