Top Sport

Валверде ставил вето за трансферот на Езил

Ернесто Валверде не го сака во тимот германскиот репрезентативец Месут Езил, тврдат каталонските медиуми.

Езил по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч, но Барселона сака да го донесе уште во јануари и наводно челниците на клубот договориле да платат 20 милиони евра како обесштетување.

Сепак, вето на трансферот ставил тренерот Валверде и тоа кога добил извештаи што не се однесуваат на однесувањето на Езил на фудбалскиот терен.

На тренерот на Барселона не му се допаѓа неспортскиот начин на живеење на Езил, она што на што најмногу забелешки имаа и во Реал додека го носеше дресот на „кралскиот клуб“.

Познавачите на работите тврдат дека бурниот емотивен живот многу често влијае врз неговите изданија на натпреварите. Така било во Реал, така е и во Арсенал.

Поради тоа, Валверде сметал дека германскиот репрезентативец нема да се вклопи во неговата визија за Барселона.

Валверде инсистира во јануари клубот да се засили со квалитетен дефанзивец, кој би бил бекап за стандардните Пике и Умтити.

Scroll to Top