Top Sport

Ван Бастен: Бев гостин на мојот погреб

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Марко Ван Бастен, говорел за својата кариера во опширно интервју за Би-би-си.

Повредите го натераа Ван Бастен да ја заврши кариерата на 28-годишна возраст. Во кариерата играл за Ајакс од 1981 до 1987 година и за Милан од 1987 до 1995. За Би-ви-си ги опишал чувствата на својот последен натпревар.

„Беше тоа мојот погреб. Погреб, а јас бев гостин. Тоа беше мојот фудбалски погреб. Така се чувствував“, рекол Ван Бастен и дополнил.

„Така се чувствуваа и моите соиграч, навивачите на стадионот и оние кои го гледа натпреварот на ТВ. Тоа беше уникатен момент, момент за историја. Тоа беше моментот кога умрев како играч“.

Scroll to Top