Top Sport

Ван Бомел доби отказ

Марк Ван Бомел повеќе не е тренер на фудбалерите на ПСВ од Ајндховен. Поранешниот капитен на ПСВ е отпуштен поради елиминацијата од лига Европа и вчерашниот пораз во дербито со Феенорд (3:1).

Чениците на ПСВ го загубија трпението со клупската легенда откако тимот победил на само два од последните 12 натпревари. Ван Бомел екипата на ПСВ ја презеде во јуни 2018 година кога потпиша треигодишен договор.

Фудбалерите на ПСВ се наоѓаат на четвртото место во холандската лига со десет бода помалку од лидерот Ајакс.

До именувањето на нов тренер ПСВ ќе ги предводи директорот на младинската школа, Ернест Фабер.

Scroll to Top