Top Sport

Ван Бомел ќе го предводи ПСВ

ПСВ Ајндховен го именуваа поранешниот холандски играч од средниот ред, Марк ван Бомел како нов тренер со тригодишен договор.

41-годишниот Ван Бомел ќе го замени Филип Коку, кој по пет години со холандските шампиони ќе ја побара среќата во турското првенство како нов тренер на Фенербахче. Коку освои три титули во последните четири години со клубот од Ајндховен.

Ван Бомел, кој играше за ПСВ во шест сезони, во моментов е помошник тренер на австралискиот селектор Берт ван Марвајк на Светското првенство во Русија. Тој претходно работеше како тренер на младинскиот тим на ПСВ.

„Мислам дека имам доволно искуство за овој предизвик“, вели Ван Бомел.

Тој имаше 79 настапи за холандската репрезентација, а играше и во Барселона, Баерн Минхен и Милан, пред да се пензионира во 2012 година.

Scroll to Top