Top Sport

Ван Бомел: ПСВ прво нека го победат Меси, па нека се тепаат за неговиот дрес

Тренерот на ПСВ Ајндховен, Марк ван Бомел вели дека ќе им дозволи на неговите фудбалери да се „тепаат“ за дресот на Лионел Меси, но само ако победат на „Ноу Камп“ во вторник на стартот на Лигата на шампионите.

Барселона ги пречекува холандските лидери и Ван Бомел бара неговите фудбалери да останат професионални против „најдобриот фудбалер на светот“.

„Ако имаме добар резултат, не ми е грижа ако се тепаат за дресот на Меси. Тоа е дел од професионалноста, секогаш да останеш фокусиран. Знам дека ќе му го бараат дресот, но не треба да го прават тоа на полувреме“, вели Ван Бомел.

Фото: ЕПА

Scroll to Top