Top Sport

Ван Дајк е прогласен за најдобар фудбалер во сезоната во Премиерлигата

Дефанзивецот на Ливерпул, Холанѓанецот Вирџил Ван Дајк е прогласен за најдобар фудбалер во сезоната 2018/2019 во Премиерлигата. Тој е првиот одбранбен играч кој се закитил со ласкавото признание по Винсент Компани кој беше лауреат во 2012 година.

Ван Дајк сезонава одигра 37 натпревари за Ливерпул во Премиерлигата, а денеска во 16 часот треба да го одигра последниот овосезонски меч. Притоа дефанзивецот постигна 4 гола и имаше 2 асистенции.

Тој во финалниот избор собра повеќе гласови од конкурентите Садио Мане, Еден Азар, Серхио Агуеро, Рахим Стерлинг и Бернардо Силва.

Фудбалеот на Ливерпул сезонава беше избран и за играч на сезоната и од Здружението на професионални фудбалери во Англија.

Scroll to Top