Top Sport

Ван Дајк: Ја гледав смртта во очи

Дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк вели дека го знае вистинското значење на животот и смртта откако во 2012 година мораше да оди на операција и животот му беше во опасност.

Холандскиот репрезентативец во 2012 година, додека беше фудбалер на Гронинген, мораше да оди на итна операција на пукнатото слепо црево, поминувајќи 13 дена во болница пред да го оперираат. Тој го пропушти остатокот од сезоната, пред да игра за Селтик и Саутемптон и во јануари 2018 да го комплетира рекордниот трансфер за дефанзивец (87 милиони евра) во Ливерпул. Сега, тој е сметан за еден од најдобрите дефанзивци на светот.

„Ја гледав смртта во очи и тоа беше ужасно искуство. Првпат во мојот живот, фудбалот не ми значеше ништо. Воопшто не беше важен. Важно беше да се преживее. Мојата мајка и јас се молевме на Бог и, да бидам искрен, ги разгледувавме сите можности. Во еден момент морав да ги потпишам тие документи. Тоа беше тестамент. Ако умрев во болницата, дел од парите ќе одеа кај мојата мајка. Мораше да се среди и тоа, бидејќи имаше можност да умрам. Се сеќавам дека лежев во креветот и можев да видам само цевки кои излегуваа од моите тело. Бев скршен, а најлошите работи ми поминуваа низ главата“, вели Ван Дајк за „Мирор“.

Операцијата имала драматично влијание на Ван Дајк, и тој помина уште една сезона во Холандија, пред да направи трансфер во Селтик.

Scroll to Top