Top Sport

Ван Дајк: Многу е тешко да се победи кај Интер, но уживав во атмосферата

Дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк признава дека „црвените“ треба да се презадоволни со 2:0 победата на гости кај Интер, бидејќи гостувањето во Милано не е „лесна работа“.

„Многу тешко место за гостување, многу добар тим, кој е тешко да се скрши и навистина уживав во атмосферата и во публиката. При прекини сме многу силни и ова е добар резултат што го враќаме на ‘Енфилд’. Постојано се обидуваш против нив и тие се фантастични во одбраната, но Боби најде простор да постигне прекрасен гол. Мислам дека ова е тешка, но заслужена победа. Секако, постои притисок, се работи за Лигата на шампионите. Пораката пред мечот беше дека мораме да бидеме подготвени да страдаме и да работиме напорно. Затоа, ова е многу важна победа“, вели Ван Дајк.

Ливерпул го казни Интер на „Сан Сиро“, Баерн во 90. минута до реми во Австрија!

Scroll to Top