Top Sport

Ван Дајк сака нов договор со Ливерпул

Виргил ван Дајк сака да стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и да се обврзе долгорочно на Ливерпул, јавува „ЕСПН“.

Холандскиот дефанзивец јасно им посочил на водечките луѓе од клубот од „Енфилд“ дека сака нов договор со клубот во кој дојде во јануари 2018 од Саутемптон за 75 милиони фунти. Агентот на Ван Дајк се надева дека бргу ќе се дојде до договор без многу напор и покрај тоа што тој пред само 18 месеци потпиша петиполгодишен договор.

Од пристигнувањето во Ливерпул, 27-годишниот Ван Дајк се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци на светот, иако тогаш имаше многу сомнежи дали високата сума која ја дадоа ќе биде оправдана.

Во последните 64 натпревари на кои играл, никој не успеал да го издрибла дефанзивецот, кој стана миленик на „Енфилд“ предводејќи го клубот до титула од Лигата на шампионите.

Scroll to Top