Top Sport

Ван Дајк со порака за Мегвајр: Не е лесно да си најскап одбранбен играч

Виргил ван Дајк го предупреди Хери Мегвајр дека нема да му биде лесно да биде најскап дефанзивец на светот, откако Англичанецот потпиша договор со Манчестер јунајтед.

Мегвајр ја презеде „титулата“ најскап одбранбен играч од фудбалерот на Ливерпул, кој пред 18 месеци дојде од Саутемптон за 75 милиони фунти, пет милиони фунти помалку од сумата која „ѓаволите“ ја платија на Лестер.

„Му посакувам среќа. Не можам да кажам ништо друго бидејќи секогаш знаев дека нема да останам најскап дефанзивен фудбалер. Тоа е фудбалскиот пазар и јас и тој немаме влијание на тоа. Цената доаѓа со одреден притисок, но не ги менува многу работите, бидејќи во големите клубови како Манчестер јунајтед секогаш има притисок. Но, му посакувам многу среќа. Сите се фокусираме на тоа што го сакаме и сакаме да одиграме најдобар натпревар. Не е лесно да го исклучиш притисокот“, вели Ван Дајк за „Гардијан“.

Scroll to Top