Дони ван де Бек веќе решил да се обиде да ги натера Манчестер јунајтед го продадат на Евертон на крајот на сезоната доколку успее да помогне „карамелите“ да избегнат срамно испаѓање од Премиерлигата.
Холанѓанецот замина во Евертон во јануарскиот преоден рок откако не добиваше минутажа на „Олд Трафорд“ и според „Дејли стар“, бил воодушевен од новиот клуб и од менаџерот Френк Лампард што сака да остане на „Гудисон парк“, но само доколку клубот не испадне од лигата – во моментов се 16. на табелата.
24-годишниот Ван де Бек пристигна во Јунајтед од Ајакс во 2020 за фантастични 35 милиони фунти со репутација на еден од највозбудливите млади фудбалери од средниот ред.