Top Sport

Ван де Бек среќен и со отечен зглоб: Добредојде во Премиер лигата

Дони ван де Бек, конечно, го доби тоа што го очекуваше – старт и цел меч во Премиер лигата за Манчестер јунајтед, откако „ѓаволите“ платија 39 милиони евра за неговиот трансфер, но досега добиваше шанса само во европските и домашните куп-натпревари пред неделниот меч со Саутемптон.

Во драматичен меч на „Сент Мерис“, Јунајтед стигна до 3:2 победа, а Ван де Бек на својот Инстаграм профил се пофали со отечениот зглоб добиен од ударите во мечот и со порака „Добредојде во Премиер лигата“.

Scroll to Top