Top Sport

Ван дер Сар се жали: Тен Хаг ни ги купи најдобрите фудбалери

Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, а сега генерален директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар вели дека менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг не помогнал на својот поранешен клуб со тоа што ги купил двајцата најдобри фудбалери на холандскиот клуб.

Тен Хаг доби буџет од над 200 милиони фунти во летниот преоден рок да го засили Манчестер јунајтед, купувајќи го Лисандро Мартинез за 51 милиони фунти и Антони за 85.5 милиони фунти од својот поранешен клуб.

„Судбината која Ајакс ја има е секогаш да го развива тимот и да бара со скаути добри млади фудбалери, кои ако сакаат да го направат следниот чекор, обично одат во Англија, Германија или Шпанија. Секако, го загубивме Тен Хаг. Знаевме дека губиме голем тренер, а тој сега не ни помага. Ни ги зеде нашите двајца најдобри фудбалери, но добивме добра сума за нив. Тоа е судбината која ја има Ајакс“, вели Ван дер Сар, кој го продолжи договорот со Ајакс до 2025 година.

Scroll to Top