Top Sport

Ван дер Варт: Не знам што прави Клоп, Гакпо не е напаѓач!

Поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт е зачуден од одлуката на Јирген Клоп да го постави новото засилување Коди Гакпо во средината на нападот, објаснувајќи дека тој не е класичен напаѓач.

23-годишниот Гакпо го постигна својот прв гол за Ливерпул во понеделникот при 2:0 победата над Евертон, откако пристигна за 40 милиони фунти од ПСВ Ајндховен по одличната 2022 за својот клуб и за холандската репрезентација. Додека во ПСВ под Руд ван Нистелрој играше на позицијата лево крило, за холандската репрезнтација под Луис ван Гал на СП во Катар играше во центарот на теренот.

„Не беше изненадување што Ливерпул го купија, бидејќи имаше одлично Светско првенство. Најмногу ме изненадува што играч што цела кариера игра на лево крило сега игра на позицијата на ‘деветка’. Па, тој не е напаѓач. На Коди му е потребен простор да игра, да трча со топката и да биде опасен. Не ми е јасно што прави Клоп“, вели Ван дер Варт.

Scroll to Top