Поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт ги предупреди фудбалерите на Манчестер јунајтед дека ризикуваат да бидат исфрлени од тимот доколку не соработуваат со Ерик Тен Хаг, кој според англиските медиуми веќе е договорен со „ѓаволите“.
Ван дер Варт смета дека фудбалерите ќе мора да ја преземат одговорноста за лошите резултати во последните сезони и дека Тен Хаг ќе бара да се почитува неговата визија за клубот.
„Како фудбалери веќе немате изговори. Менаџерите беа менувани, а тимот беше скап и силен, но не играа добро. Не секогаш тоа е вина на тренерот. Сега ќе имаат тренер кој ќе биде многу јасен со нив. Можете да кажете: Тен Хаг не е големо име во Англија. Тоа може да биде предност, бидејќи ќе дојде со јасен план. Ако не соработувате тогаш ќе бидете исфрлени. Не знам зошто уште чека. Заврши одлична работа со Ајакс, но Манчестер јунајтед е еден од големите клубови и нема потреба да ги остави да чекаат“, вели Ван дер Варт.