Поранешниот меанаџер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал смета дека неговиот холандски сонародник, Дејли Блинд, треба конечно да замине од Англија и да игра во тимот на Барселона.
„Дејли Блинд подобро да оди во Барселона отколку да остане во Јунајтед. Тој понекогаш воопшто не е ниту на клупата. Се работи за сестран фудбалер кој може да игра на различни позиции, и во Барселона сигурно нема да биде на трибините. Неговото ниво и начин на игра повеќе одговараат за Шпанија отколку за Англија“, вели Ван Гал во интервју за „Мирор“.
27-годишниот Блинд има настапи во Лигата на шампионите и Лига купот за Јунајтед, но откако ги стартуваше првите три натпревари од сезоната, има одиграно само една минута во Премиер лигата.