Легендарниот холандски тренер Луис ван Гал вели дека победата на Италија од 1:0 на гости кај неговата Холандија била прв меч во кој „уживал да гледа како Италија игра“.
„Аѕурите“ се искачија на првото место во нивната група во Лигата на нации со победата во Амстердам обезбедена со голот со глава на Николо Барела, а тимот на Роберто Манчини исто така доминираше со поседот на топката и со бројот на додавања.
„Првпат, навистина уживав да ја гледам Италија како игра, бидејќи во минатото италијанскиот фудбал беше познат најмногу поради дефанзивноста. Имав шанса да бидам тренер во Италија на почетокот на кариерата, пред да отидам во Барселона, но ги одбив Милан“, вели Ван Гал, кој е во Италија на одмор.