Холандскиот тренер Луј Ван Гал, неодамна објави крај на кариерата. Тој во опширно интервју за Би-би-си, говорел за работата во Манчестер Јунајтед, наследникот Жозе Мурињо, актуелниот тренер Оле Гунар Солскјер…
Ван Гал ги предводеше Манчестер Јунајтед од 2014 до 2016 година и тоа му беше последниот клуб во кариерата, бидејќи по заминувањето од „Олд Трафорд“ не доби ниту еден ангажман.
Со „црвените ѓаволи“ немаше успешна соработка, а за две сезони го освои само трофејот во ФА купот.
„Тоа е најголемиот успех во мојата кариера, бидејќи трофејот го освоив иако шест месеци јажето висеше околу мојот врат“, рекол тренерот кој во 1995 година со Ајкас ја освоил Лигата на шампионите.
Ван Гал тврди дека под негово водство Манчестер Јунајтед последен пат играле напаѓачки фудбал. Не успеал да забележи подобри резултати дека тимот не поседувал квалитет.
„Мурињо реши да направи промени и ја воведе тактиката „паркирај го автобусот“. Се играше на контра-напади. Сега го имате Солскјер кој ја применува истата игра. Единствената разлика помеѓу него и Мурињо е што Солскјер победува. Сега Јунајтед игра дефанзивно и многу е тешко да го победите. Тое е верувале или не единственото нешто за што е заслужен Мурињо. Секако сега е подобра и атмосферата, тоа го направи Солскјер и добро е што му го најде местото на Погба. Во секој случај овој Јунајтед, со играта е далеку од она што го форсираше Алекс Фергусон. Сега се игра премногу дефанзивно, на контра-напади. Е сега некој ќе каже дека ова е подобро од моите досадни напади, добро во ред е тоа. Само ќе кажам дека тоа не е вистина“.
Ван Гал рекол дека во својот мандат се обидел да ги форсира младите играчи (Маркус Рашфорд), дека Анхел Ди Марија не покажал дека може да се носи со притисокот и дека Радамел Фалкао бил кај него петта опција во нападот.
На крајот проговорил и за ривалите на Јунајтед и состојбите во фудбалот.
„Луѓето мислат дека најдобра екипа е Барселона, не е точно тоа. Манчестер сити и Ливерпул се подобри од Барселона, а Ливерпул е поголем клуб од Сити. Во мојата филозофија секогаш треба да победи најдобриот и поради тоа навивам за Сити. Тие играат најдобар фудбал“, рекол Ван Гал во интервјуто за Би-би-си.